Riyaz Khaliq Khaliq
14 Октомври 2021•Ажурирај: 15 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Новиот јапонски премиер Фумио Кишида денеска го распушти Долниот дом на Парламентот за општите избори на крајот на овој месец, јавува Агенција Анадолија (АА).
Изборите ќе се одржат на 31 октомври по истекувањето на четиригодишниот мандат на членовите на Долниот дом на 21 октомври.
Кишида победи на изборите за лидер на владејачката Либерално-демократска партија на 29 септември и беше избран за премиер на 4 октомври. Тој бара нов мандат да владее со третата најголема светска економија погодена од пандемијата на Ковид-19.
Од 465 места во Долниот дом, ЛДП и нејзиниот партнер Комеито освоија 310 места на последните избори во октомври 2017 година.
Опозициските партии, од друга страна, се обидуваат да ја симнат ЛДП од власт.
„ЛДП не може да се промени. Треба да ја смениме самата Влада“, рече Јукио Едано, лидерот на главната опозициска Уставно-демократска партија на Јапонија. Тој го критикуваше одговорот на владејачката ЛДП на пандемијата на коронавирусот велејќи дека секогаш заостанува.