Mahmut Geldi
28 Јули 2020•Ажурирај: 29 Јули 2020
БЕЈРУТ (АА) - Либанскиот премиер, Хасан Дијаб, осврнувајќи се на вчерашните настани на границата со Израел рече дека е загрижен од евентуално влошување на ситуацијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Врховниот одбранбен совет на Либан вчера се состана во главниот град Бејрут за да разговара за прашањето околу артилериските напади на израелската Армија во областа Кафаршуба, во југоисточниот дел на земјата.
Во својот говор на состанокот, премиерот Дијаб истакнувајќи дека тензијата во пограничниот регион е зголемена рече: „Во наредните денови треба да бидеме претпазливи. Загрижен сум ситуацијата да не се влоши.“
Дијаб оценувајќи ја актуелната состојба во земјата нагласи:
„Либан се соочува со исклучителни предизвици. Се случуваат вооружени напади врз безбедносни центри, ситуацијата изгледа како да е надвор од контрола. Каде се безбедносните службеници кои ја чуваат безбедноста на државата, каде е судството? Нема потреба од политички одлуки, има потреба од одлучувачки и безбедни чекори.“
Израелската Армија вчера соопшти дека гаѓале неколку цели во областа Кафаршуба,во југоисточниот дел на Либан поради безбедносен инцидент на границата.