Muhammet Kurşun
28 Јули 2020•Ажурирај: 29 Јули 2020
ТЕХЕРАН (АА) – Во Иран бројот на починати како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 16.147, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, соопшти дека во изминатите 24 часа од Ковид-19 починале уште 235 лица.
Лари нагласи дека вкупниот број на починати од овој вирус во Иран пораснал на 16.147.
Таа информира дека во земјата дијагностицирани се уште 2.667 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на откриени случаи во земјата се зголеми на 296.273.
Според Лари, 3.902 од пациентите се наоѓаат во тешка состојба, додека во земјата излекувани се вкупно 257.019 лица.
Во Иран од почетокот на епидемијата направени се 2.380.122 тестирања за Ковид-19.