свет

Премиерката на Нов Зеланд вети измени на Законот за оружје

„Реалноста е дека во петокот по 1:00 часот, нашиот свет се промени засекогаш, а ќе се променат и нашите закони“, рече Ардерн

Fatih Hafız Mehmet  | 18.03.2019 - Обновена : 19.03.2019
Премиерката на Нов Зеланд вети измени на Законот за оружје

АНКАРА (АА) - Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, соопшти дека ќе спроведе измени во Законот за оружје во земјата, по терористичките напади во петокот врз две џамии во Крајстчрч, во кои загинаа најмалку 50 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Реалноста е дека во петокот по 1:00 часот, нашиот свет се промени засекогаш, а ќе се променат и нашите закони“, рече Ардерн на прес-конференцијата емитувана од државната телевизија „Нов Зеланд“.

Ардерн истакна дека деталите околу измените ќе бидат објавени следната недела.

„Ова значи дека во рок од 10 дена од овој ужасен терористички чин, ќе објавиме реформи кои, верувам, ќе ја направат нашата заедница побезбедна“, нагласи Ардерн.

„Доколку сакаме да ја осигуриме безбедноста на муслиманите и на другите... мора да го признаеме фактот дека постојат оние кои не ги делат нашите вредности на отвореност“, додаде премиерката на Нов Зеланд.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.