Sefa Şahin
30 Октомври 2022•Ажурирај: 31 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Над 9,2 милиони тони жито со 408 бродови се пренесени преку коридорот за жито низ Црното Море, кој беше овозможен со посредство на Туркије оваа година во обид да се избегне потенцијалната криза со храна предизвикана од руско-украинската војна, јавува Агенција Анадолија (АА).
Првиот брод со жито тргна на 1 август од украинското пристаниште Одеса - едно од трите што го продолжија извозот во рамките на договорот потпишан од Туркије, Обединетите нации (ОН), Русија и Украина на 22 јули, како резултат на преговорите помеѓу турскиот министер за национална одбрана Хулуси Акар и останатите страни.
Оттогаш сметано до вчера, украинските пристаништа ги напуштија 408 бродови, додека количината на испорачани житни култури - пченица, пченка и јачмен, надмина 9,2 милиони тони, соопштија извори од турското Министерство за национална одбрана.
Европа доби 47 отсто од житото, додека Азија доби 20 отсто, Туркије 16 отсто, Африка 13 отсто, а Блискиот Исток 4 отсто.