Eshat Fırat
02 Јуни 2017•Ажурирај: 03 Јуни 2017
ЏЕНИН (АА) - Палестинско девојче на возраст од 15 години почина во болница откако беше ранета од страна на израелски војници во подрачјето на окупираниот Западен Брег, под тврдење дека наводно се обидела да изврши напад со нож, јавува Anadolu Agency (AA).
Аднан ер-Раби, адвокат на канцеларијата на Меѓународното движење за заштита на децата, во Палестина, даде писмено известување во кое се вели: „Во очекување на состанокот на предистражната постапка во израелсиот суд, бевме информирани дека Палестинката Неваф Инфиат починала“.
Адвокатот Раби додаде дека ги информирал и израелските власти за смртта на палестинското девојче.
Неваф Инфиат вчера беше тешко ранета откако во неа стрелаа израелски војници во подрачјето на Ја'бед, во близина на градот Џенин. Палестинското девојче со возило на израелската брза помош беше префрлено во болницата „Хајлеб Јафа“, која се наоѓа во северниот дел на Израел.
Организациите за човекови права ги обвинуват израелските сили дека „спроведуваат вонсудска егзекуција на Палестинците на самите улици, под тврдење дека наводно се обиделе да ги нападнат“.
Центарот за истражување и документација „Абдулах ел-Хаврани“, кој е дел од Палестинската ослободителна организација, вчера издаде извештај во кој наведува дека во насилни акти на израелските војници во првите пет месеци од 2017 година, животот го загубиле 34 Палестинци, од кои 9 се деца.