Davut Çolak
03 Јуни 2017•Ажурирај: 04 Јуни 2017
КОПЕНХАГЕН (AA) - Во данската престолнина Копенхаген неутрализирано е лице кое наводно со оружје во раце се приближувало кон полицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Граѓаните и туристите беа во паника бидејќи во близина на забавниот парк Тиволи во Копенхаген се слушнаа пукотници. Според наводите, едно лице со оружје во рацете се движеше кон полицијата која беше во рутинска контрола.
Полицијата отвори оган и го неутрализираше вооруженото лице. Граѓаните и туристите кои се наоѓааа во близина на местото на настанот беа во паника мислејќи дека се работи за терористички напад.
Еден дел од улицата помеѓу Тиволи и Плоштадот Копенхаген беше затворен за сообраќај. Од полицијата не додоа информации за здравствената состојба на осомниченото лице и настаните не ги окарактеризираа како терористички напад.
Очевидците наведуваат дека полицијата на наводниот напаѓач му пукала во правец на главата.