Meryem Göktaş
23 Февруари 2017•Ажурирај: 24 Февруари 2017
КОПЕНХАГЕН (АА) - Данец е обвинет за богохулење откако запалил Куран во својот двор во декември 2015 година и видеото од инцидентот го поставил на социјалните медиуми, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинителот Јан Рекендорф во соопштението вели дека инцидентот го прекршува Законот за богохулство, според кој јавното потсмевање и непочитување на религијата се незаконски.
Четириесет и двегодишниот Данец го споделил видеото во група на социјалната мрежа „Фејсбук“, кој ја нарекол „Да за слободата, Не за исламот“, вели Рекендорф.
Казната за богохулство во Данска е до четири месеци затвор, но Рекендорф вели дека казната ќе биде парична во овој случај.
Сѐ уште не е одреден датум за првото рочиште коешто ќе биде одржано во судот во Олборг.
Ова е четврти пат во данската историја некој да биде обвинет за богохулство. Последниот случај беше во 1971 година.
Данскиот весник „Јилландс-Постен“ (Jyllands-Posten) во 2005 година беше објавил цртежи со карикатури на пратеникот Мухамед како носи бомба во својот турбан, при што не се соочи со обвиненија за богохулство.