свет

Потиснати немирите во затворот во Шираз, Иран

Главниот обвинител изјави дека избувнале немири во два дела од затворот „Адил Абад“ во Шираз, и дека немирите се ставени под контрола од страна на безбедносните сили

Mustafa Melih Ahıshalı  | 30.03.2020 - Обновена : 30.03.2020
Потиснати немирите во затворот во Шираз, Иран

ИСТАНБУЛ (АА) – Немирите кои започнаа на полноќ во затворот во градот Шираз, Иран, се потиснати од страна на безбедносните сили, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според иранската студентска новинска агенција ИСНА, главниот обвинител Сеид Казум Мусеви синоќа изјавил дека избувнале немири во два дела од затворот „Адил Абад“ во Шираз, и дека немирите се ставени под контрола од страна на безбедносните сили.

Мусеви исто така додаде дека затворениците во тие делови ја оштетиле оградата и камерите.

Во немирите, како што нагласи тој, немало пријавено бегство, а исто така немало загуба на животи и повредени.

Во вестите објавени на социјалните медиуми се вели дека се слушале истрели од оружје во затворот.

Соопштено е дека 74 затвореници од областа Сакиз, во петокот (27 март) започнале немири поради стравот од новиот вид коронавирус и избегале. Потоа беше наведено дека 10-мина од нив биле фатени, а двајца се предале на полицијата.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın