Muhammet Nazım Taşcı
29 Март 2020•Ажурирај: 30 Март 2020
МАНИЛА (АА) - Избувна пожар при полетување во авионот на брза помош кој тргна од филипинскиот главен град Манила кон Јапонија, при што смртно настрадаа осум лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Институцијата за цивилна авијација на оваа земја, поради технички проблем избувна пожар во авионот на брза помош кој полета од меѓународниот аеродром Никон Акино.
Во ова соопштение се наведува дека во несреќата загинале осум лица.
Во соопштението на управата на Меѓународниот аеродром во Манила се истакнува дека е започната истрага за случајот и дека пистата каде се срушил авионот привремено е затворена.
Во авионот кој тргнал за јапонскиот град Токио, се наоѓале шест членови на екипажот, еден пациент, и негов придружник.