Постигнат прекин на огнот во Сувајда по судирите, објави Сирија
- Договорот предвидува распоредување безбедносни контролни пунктови во Сувајда

ИСТАНБУЛ (АА) – Денес е постигнат прекин на огнот во градот Сувајда, во јужна Сирија, по судирите меѓу вооружените групи Друзи и Бедуини, соопштија локалните медиуми, известува Анадолу.
Државната новинска агенција САНА, повикувајќи се на извор од Министерството за внатрешни работи, објави дека договорот предвидува распоредување безбедносни контролни пунктови во градот и целосна реинтеграција на градот во сириската држава.
Судирите избувнаа меѓу вооружените милиции на Друзите и бедуинските групи во Сувајда откако двете страни си одзеле возила едни на други.
Министерството за внатрешни работи на Сирија соопшти дека повеќе од 30 лица се убиени, а речиси 100 се повредени во насилствата што избувнаа во Сувајда.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.