свет

Израел изведе напад врз комплексот на Генералштабот на сириската армија во Дамаск

Нападот се случи додека дописникот на Анадолу известуваше од местото на претходниот напад

Aida Cako  | 16.07.2025 - Обновена : 16.07.2025
Израел изведе напад врз комплексот на Генералштабот на сириската армија во Дамаск

СКОПЈЕ (АА) - Најмалку две лица се повредени во нов израелски воздушен напад денес во кој е погоден комплексот на Генералштабот на сириската армија во главниот град Дамаск, јави државната новинска агенција САНА, пренесува Анадолу.

Нападот се случи додека дописникот на Анадолу известуваше од местото на претходниот напад.

Според Сирија ТВ, се слушнала престрелка во близина на комплексот, но не се соопштени дополнителни детали.

Израелската армија соопшти дека ќе прати засилување кон безбедносната ограда на границата со Сирија.

Овој потег доаѓа во услови на обновени израелски воздушни напади врз јужната сириска провинција Суејда, каде што има тензии и судири меѓу заедниците Друзе и Бедуини.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.