ИСТАНБУЛ (АА) - Рокот за пријавување за наградата „Istanbul Photo Awards“, годинава организирана по шести пат од страна на Агенција Анадолија (АА), завршува на 15 февруари.
Крајниот рок за пријавување за наградата е продолжен до 15 февруари.
Патрик Шовел, познат француски воен репортер и поранешен член на жирито на „Istanbul Photo Awards“, во изјава АА се осврна на важноста на наградата.
Истакнувајќи дека е важно уредувањето на фотографијата која ќе биде испратена за наградата, Шовел нагласи: „Лошото уредување ја убива приказната.“
Оваа година, 70-годишниот фотограф Шовел испрати повеќе фотографии од меѓународните конфликти во јужниот дел на турската граница.
„Мислам дека приказната за Сирија треба да се прикаже моќно и на секој можен начин“, рече Шовел.
Посочувајќи дека поминал многу добро како член на жирито на „Istanbul Photo Awards“, Шовел истакна: „Ми даде можност да ги видам фотографиите на многу добри фоторепортери, а тоа пак ме инспирира за моите идни задачи.“
- Сите мои приказни ги финансирам сам
Искусниот фотограф кој со децении се наоѓа на фронтовите за да може да направи добри фотографии, рече дека е песимист за иднината на оваа професија.
Шовел, истакнувајќи дека сам ги финансира приказните, рече дека потоа тие приказни ги продава.
„Никој не сака да преземе одговорност да нѐ испрати и да нѐ плаќа за тие фотографии, можностите се многу мали“, рече Шовел.
Осврнувајќи се на аспектите што ја прават фотографијата достојна за наградата, Шовел рече: „Наградените фотографи ќе бидат тие што ќе ја имаат најдобрата приказна, а не најдобрата фотографија.“
Искусниот фотограф, критикувајќи ја „главната мотивираност“ на наградените фоторепортери, нагласи: „Забораваат на тоа зошто се во оваа професија. Нашата мотивација е да ги запознаеме луѓето што живеат во подобар свет за тоа што се случува во војните, да разберат, можеби и ќе можат да помогнат.“
Според Шовел, на годинашниот натпревар ќе бидат претставени фотографии кои ги потенцираат климатските промени, како и од конфликтите во Сирија и Ирак.
Шовел, кој е роден во Франција, бил сведок на повеќе од 20 конфликти во светот, меѓу кои и на војната меѓу арапските земји и Израел во 1967 година, на војната во Виетнам, на војната во Босна.
Шовел има напишано неколку книги, а исто така учествувал и во некои документарни филмови. И покрај тоа што сериозно е повреден за време на американската инвазија на Панама, тој не се откажа од својата професија.
- „Istanbul Photo Awards“
„Istanbul Photo Awards“, кој оваа година се организира по шести пат, стана меѓународен натпревар за професионални фотографи од целиот свет.
Наградите „Istanbul Photo Awards“ се организираат секоја година од Агенција Анадолија (АА), која работи со голем број професионални фотографи во својата 100-годишна историја, со цел да се промовира развојот на професијата фотоновинарство.
Фотографите од целиот свет на конкурсот треба да ги претстават своите дела од глобалните настани за изминатата година.
Фокусирајќи се на категориите вести и спортски фотографии, фотографиите се оценуваат во категориите „Фотографија на единечна вест“, „Серија фотографии за вест“, „Единечна фотографија од спортот“, „Серија фотографии од спортот“.
По завршувањето на аплицирањето, меѓународното жири ќе се состане во март за да ги објави победниците.
Во категоријата „Фотографија на единечна вест“, добитникот на наградата ќе добие 8.000 долари, во другите три категории добитниците ќе добијат награда од 5.000 долари. Второнаградените во сите категории ќе добијат награда од 3.000 долари, додека третонаградените ќе добијат по 1.500 американски долари.
Наградените фотографии од претходните години може да се најдат на веб-страницата „istanbulphotoawards.com“. Пријавите за конкурсот можат да се испратат на истата адреса.