Aişe Hümeyra Bulovalı
27 Ноември 2020•Ажурирај: 30 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ
Втората изложба на победничките фотографии од меѓународниот натпревар „Istanbul Photo Awards 2020“ организиран од страна на Агенција Анадолија (АА) е отворена на меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен" во турскиот град Истанбул, јавува Агенција Анадолија (АА).
Изложбата на која се изложени фотографии кои добија награда на натпреварот кој оваа година се организираше по шести пат чиј спонзор е турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines).

На овој натпревар во чии рамки се одредени најдобрите 3 единечни и сериja фотографии во категориите вести и спорт, се пријавија над 10.000 фотографии од 100 земји.
Поради состојбата со пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), оваа година АА специјално подготви онлајн платформа каде жири комисијата ги оцени и определи победничките фотографии.
Фотографијата насловена „Протестите во Хонгконг“ фотографирана за „The New York Times“ од фоторепортерот Јик Феи Лам ја доби наградата „Фотографија на годината“. Доделени се 12 награди за фотографии кои говорат за протести, судири, еколошки катастрофи, спортски активности и човечки приказни во различни земји, од Палестина се до Индонезија.
Албумот со фотографии може да се разгледа преку интернет страницата „www.istanbulphotoawards.com“.