Турција

Турција започна истрага за бесправното запирање и претресот на бродот „РОСЕЛИНА-А“

Без одобрение на Турција и кршејќи ги сите важечки меѓународни норми и прописи, војниците го блокираа патот на турскиот брод и до раните утрински часови вршеа претрес на контејнерите со стока

Tanju Özkaya  | 27.11.2020 - Обновена : 28.11.2020
Турција започна истрага за бесправното запирање и претресот на бродот „РОСЕЛИНА-А“

АНКАРА (АА) - Обвинителството на Република Турција официјално започна истрага за бесправното запирање и претресот на комерцијалниот брод „РОСЕЛИНА-А“, за време на пловењето на отворено море во источниот дел од Медитеранот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Кабинетот на Обвинителството во Анкара соопшти дека бродот пловел под знамето на Турција, но дека на 22 ноември е запрен на отворено море, без согласност на Турција, што е спротивно на меѓународните норми.

Германската фрегата од Хамбург под команда на Грција во рамките на операцијата „Ирини“ во Источниот Медитеран, спротивно на меѓународното право, го запре и со часови го претресуваше бродот кој од Турција во Либија превезувал различна стока, вклучувајќи и бои.

Според меѓународното поморско право, качување на персонал и претрес на пловила може да се изврши исклучиво со согласност на земјата под чие знаме плови бродот. Без таква согласност на Турција, фрегатата од Хамбург од хеликоптер се спушти на бродот.

Без одобрение на Турција и кршејќи ги сите важечки меѓународни норми и прописи, војниците го блокираа патот на турскиот брод и до раните утрински часови вршеа претрес на контејнерите со стока.

Сфаќајќи дека контејнерите содржат исклучиво хуманитарна помош во храна и друга стока, војниците го напуштија бродот што пловеше под турско знаме.

Властите на Република Турција го осудија тој потег извршен под покровителство на спорната операција „Ирини“, која на Медитеранот ја спроведува Европската Унија. Од Анкара претходно најавија започнување на истрага и процесуирање на одговорните за тој скандал на отворено море.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.