Burak Bir
11 Февруари 2021•Ажурирај: 12 Февруари 2021
ЛЕФКОСА (АА) - Турција денес испраќа уште 40.000 дози на вакцина против коронавирусот во Турска Република Северен Кипар (ТРСК), изјави денес турскиот потпретседател Фуат Октај, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на церемонијата на потпишување на договорот во главниот град Лефкоса, Октај изјави дека Турција веќе испорачала 40.000 дози на вакцина против Ковид-19 во ТРСК и обезбедила помош со медицински материјали и храна во вредност од 15,5 милиони лири (2,2 милиони долари).
Пандемијата на Ковид-19, од декември 2019 година, кога за прв пат се појави, одзеде повеќе од 2,3 милиони животи во 192 земји и региони.
Според податоците собрани од американскиот Универзитет „Џон Хопкинс“ во светот се пријавени над 107,4 милиони случаи, а оздравени се над 60,1 милиони лица.
САД, Индија и Бразил се најлошо погодени земји од вирусот.