Furkan Abdula
15 Мај 2021•Ажурирај: 16 Мај 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 112 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 154.636, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 13 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 5.197.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 2.179 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 145.606.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 3.833.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 4.196 тестирање за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 753.923 тестирање.