Admir Fazlagic
13 Декември 2020•Ажурирај: 14 Декември 2020
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија починаа 25 лица поради последиците од заразувањето со коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица од овој вирус во земјата се искачи на 2.121, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последното деноноќие се регистрирани 613 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 73.638.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 688 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени пациенти е 49.414.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 изнесува 22.103.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.837 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 364.858.