Agim Sulaj
13 Декември 2020•Ажурирај: 13 Декември 2020
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на заразеност со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 12 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 1.198, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 462 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 46.580.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 1.314 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 163.221 тестирањe.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 33.600 лица. Во моментов во земјата има 11.782 активни случаи.