Fatjon Cuka
13 Декември 2020•Ажурирај: 14 Декември 2020
ТИРАНА
Протестите во Албанија поради смртта на 25-годишното машко лице кое почина откако беше повредено во текот на полициска потрага, продолжија петти ден по ред, јавува Агенција Анадолија (АА).
Демонстрантите најпрвин се собраа на плоштадот Скендербег во Тирана, каде се судрија со полициските сили по повикот да се разотидат поради забраната за масовните собири во рамките против пандемијата од коронавирусот (Ковид-19). Стотици демонстранти потоа маршираа низ булеварот „Народни херои" со повици „Правда за Клодијан" и „Без правда нема мир", а за време на проаѓањето покрај седиштето на премиерот на Албанија забележани се инциденти со оштетување на билборди и патната сигнализација.
По оставката на министерот за внатрешни работи Сандер Лешај, демонстрантите бараат оставка од генералниот директор на албанската полиција Арди Велиу, како и реформа на полицијата.
Демонстрантите со транспарентите на кои пишуваше „Полицијата секаде, правдата никаде" и „Дури и полициското насилство е пандемија", продолжија да маршираат книз булеварот до седиштето на Министерството за внатрешни работи на Албанија. Демонстрантите и во претходните денови беа насилни, а полицијата возврати со солзавец.
- Настанот во кој 25-годишното лице го загуби животот
Клодијан Раша (25) во ноќта на 8 декември е пукан од полицаец во текот на потрага во време на полициски час воведен во рамките на мерките преземени против ширењето на коронавирусот (Ковид-19).
Според официјалното соопштение од Службата за внатрешни работи и жалби при Министерството за внатрешни работи на Албанија, по повикот на полицијата да запре, младото лице не го послушал повикот на полицаецот и се обидело да избега од полицијата, поради што полицијата започнала потрага по него. Како што се наведува, полициските службеници откриле дека лицето со себе носело огнено оружје.
Еден од полицајците, откако не успеал да го фати лицето, кон него отворил оган со службено оружје, при што 25-годишникот бил повреден, а потоа го загубил животот во болница.
Судскиот окружен суд во Тирана му ја изрече мерката „апсење во затвор" за полицаецот Невалд Хајдари, кој властите го обвинуваат дека во текот на службата во Тирана пукал во младото лице со службено оружје.