Stipe Majic
14 Декември 2020•Ажурирај: 15 Декември 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Штабот за цивилна заштита на Република Хрватска соопшти дека во изминатите 24 часа регистрирани се 1.472 нови случаи на коронавирусот и 65 смртни случаи, пренесува Агенција Анадолија (AA).
На 294-от ден од појавата на коронавирусот во Хрватска, во последното деноноќие евидентирани се 1.472 нови случаи на лица позитивни на коронавирусот.
Во моментов, бројот на активни пациенти во Хрватска е 22.769.
Вкупниот број лица позитивни на коронавирусот, од неговата појава на 25 февруари 2020 година до денес, е 177.358.
Од почетокот на епидемијата направени се 888.080 тестирања и ретестирања, така што процентот на позитивни е 19,97 отсто.
Во изминатите 24 часа тестирани се 5.798 лица, а процентот на позитивни е 25,4 отсто.
Просечната возраст на тестираните е 43,7 години.
На болничко лекување се наоѓаат вкупно 2.857 лица, а во изминатите 24 часа примени се 258 нови пациенти.
На респиратор се приклучени 284 пациенти, во однос на вчера 29 повеќе. Во изминатите 24 часа од болница се отпуштени 148 лица, а излекувани се 3.673 лица.
До денес оздравени се вкупно 151.884 лица.
Во изминатите 24 часа, во Хрватска има 65 смртни случаи, нивната просечна возраст е 77,9 години, а меѓу нив едно лице родено 1963 година кое било без коморбидитети, девет лица имале еден коморбидитет, најчесто или дијабетес или висок крвен притисок, додека 55 починати лица биле со значително повеќе коморбидитети.
Штабот соопшти дека моментално во самоизолација се наоѓаат 54.042 лица.