Vesna Besiç
22 Септември 2017•Ажурирај: 23 Септември 2017
ПОРТОРИКО (АА) - Ураганот Марија, откако во средата го погоди Порторико, зад себе остави опустошена островска земја во која околу 900.000 лица останаа без електрична енергија, јавува Anadolu Agency (AA).
На подрчајето на Порторико живеат околу 3,5 милион лица, а ураганот уништи се што му се најде на патот. Однесе покриви, сруши стебла на улиците, попукаа прозорците на стамбените објекти и прекинато е напојувањето со електрична енергија. Граѓаните кои се наоѓаа во засолништата се обидуваат да ја санираат штетата.
Феликс Делгадо градоначалникот на Катан, кој се наоѓа на северниот брег на Порторико, претходно изјави дека во населбата Juana Matos се уништени 80 отсто од куќите.
Власта на Порторико потврди смрт на две лица, меѓутоа, локалните медиуми наведуваат дека точниот број на жртвите ќе се знае во текот на наредните денови.
Ураганот Марија во средата го погоди Порторико, како најсилен во последните 80 години. Зад себе остави стотици уништени домови, целиот остров беше без струја, а некои од улиците ги претвори во подивени реки. Се предвидува дека пустошот од ураганот Маријаа би можел да го доведе Порторико во финансиска криза.
Ураганот Марија во понеделник и вторник ги погоди Доминика и Гвадалупе, каде се забележани девет смртни случаеви, а причинета е и голема материјална штета.