Orhan Onur Gemici
22 Септември 2017•Ажурирај: 23 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Турските воздушни сили вчера извршија напад на камповите на терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека воздушните сили на таа земја извршија напади на позициите на ПКК во подрачјата на Кандил, Метин и Гара, во северниот дел на Ирак, и уништија оружје и муниција како и нивните засолништа.
Планините Кандил, Гара, Метин и Зап се наоѓаат во северниот дел на Ирак, долж ирачко-турската граница. Станува збор за подрачје што се смета за колевка на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ.