свет

Поранешниот француски претседател Саркози е ослободен од затвор

- Одобрувајќи го барањето на неговите адвокати додека неговата жалба продолжува, францускиот суд нареди ослободување на поранешниот претседател Николас Саркози од затвор денес, 20 дена откако тој влезе во затворот Ла Санте на 21 октомври

İlayda Çakırtekin  | 10.11.2025 - Обновена : 11.11.2025
Поранешниот француски претседател Саркози е ослободен од затвор

ИСТАНБУЛ (АА) - Одобрувајќи го барањето на неговите адвокати додека неговата жалба продолжува, францускиот суд нареди ослободување на поранешниот претседател Николас Саркози од затвор денес, 20 дена откако тој влезе во затворот Ла Санте на 21 октомври, јавува Анадолу.

„Судот го прогласува барањето за ослободување за прифатливо и ве става под судски надзор“, рече претседателот на Апелациониот суд во Париз, според радиодифузерот БФМТВ.

За време на ослободувањето, судот му забрани на Саркози да контактира со Жералд Дарманин, министерот за правда.

Повикувајќи се на неговото досие за појавување на суд и соработка со полицијата, обвинителите го поддржаа неговото барање за ослободување под судски надзор, со забрана за контакт со различните обвинети и сведоци во либискиот случај додека судот го разгледува неговиот случај.

Зборувајќи пред судот преку видео денес, Саркози го нарече својот престој од помалку од неколку недели зад решетки „кошмар“ и „исцрпувачко“ искуство.

Во септември, поранешниот француски претседател беше осуден на пет години затвор за заговор во случајот поврзан со либиското финансирање на неговата изборна кампања во 2007 година.

Судот го прогласи Саркози, кој негираше какво било кривично дело, за виновен за криминално заговарање, но го ослободи од обвинението за пасивна корупција и други обвиненија за нелегално финансирање.

Откако е затворен, адвокатите на Саркози потполниле барање за негово ослободување.

Саркози ја извршуваше функцијата француски претседател, од 2007 до 2012 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.