Ahmet Gençtürk
05 Септември 2024•Ажурирај: 10 Септември 2024
АТИНА (АА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денес го назначи Мишел Барние, кој ги водеше долгите и тешки преговори со Европската Унија (ЕУ) за Брегзит, за нов премиер на земјата, јавува Анадолу.
„Претседателот на Републиката го назначи господин Мишел Барние за премиер. Тој му даде задача да формира влада на единството која ќе ѝ служи на земјата и на францускиот народ“, се истакнува во соопштението на Елисејската палата.
Политичарот од десниот центар, Барние, е поранешен европски комесар и министер за надворешни работи на Франција.
Потоа тој ја вршеше функцијата шеф на Комисијата на ЕУ за односи со Велика Британија и беше задолжен да преговара за долгиот и спорен британски процес за излегување од Европската Унија.