Ekipa
23 Јули 2022•Ажурирај: 25 Јули 2022
ЛОНДОН (АА) - Лиза Смит, поранешна припадничка на Ирските одбранбени сили, вчера е осудена на 15 месеци затвор поради членување во терористичката организација ДЕАШ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Смит (40) е прогласена за виновна во мај од страна на Специјалниот кривичен суд во ирската престолнина Даблин, на судење без порота.
Таа беше ослободена од посебното обвинение за финансирање на тероризмот.
Смит била припадничка на Ирските одбранбени сили од 2001 до 2011 година, кога прифатила ислам. Таа поднела барање за отпуст поради недоследности меѓу нејзината воена служба и нејзиното толкување на исламот, како што е неможноста да носи хиџаб.
Во 2015 година, таа отпатувала на територијата под контрола на ДЕАШ во Сирија, родила ќерка во 2017 година, а во 2019 година се вратила во Ирска по колапсот на терористичката организација.
Таа е уапсена на аеродромот во Даблин, а потоа и обвинета за тероризам.