Yusuf Özcan
27 Февруари 2019•Ажурирај: 28 Февруари 2019
ПАРИЗ (АА) – Продавница за спортска опрема во Франција, поради расистичките реакции на некои министри, политичари и ектремно десничарските муштерии, ја откажа продажбата на марами кои жените можат да ги носат за време на спортување, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот за комуникации на продавницата за спортска опрема „Декатлон“, Хавиер Ривиоре, во изјавата дадена за медиумите истакна дека поради расистичките реакции се откажале од продажбата на марамата, чија презентација беше направена на веб-страната, а продажбата беше планирана во март.
Во соопштението на „Декатлон“ се вели дека марамата е произведена за да се задоволат потребите на некои жени, но поради продажбата на таа марама вработените во продавницата биле изложени на навреди и закани.
„Повеќе ја сакам слободата на жените отколку слободата за трговија“, рече францускиот министер за финансии, Жерар Дарманин.
Министерот за здравство, Агнес Бузин, пак, нагласи: „Не сакаме еднаквост меѓу машко-женско, за да можат жените да ги покријат лицата. Мислам дека (марамата) не е соодветна на вредностите на нашето општество, но тоа не е забрането. Би сакал еден француски бренд да не ја поддржи марамата.“
„Не би сакал да верувам во бренд (француски) кој прави разлика на нашите вредности како жена и како граѓанин“, напиша на својот социјален профил Аурор Берг, портпарол на централно-десничарската Републиканска партија.
Франсоа Бајру, претседателот на Демократското движење (MoDem), истакна дека француското општество традиционално е против „екстремното покривање на лицето и телото“.
„Декатлон“ одговори на реакциите преку социјалните мрежи.
„Ние зборуваме за марама, никогаш не се работи за криење на лицето. Треба да се внимава на термините кои се користат за да се избегнат забуни.“