Barış Seçkin
22 Октомври 2019•Ажурирај: 23 Октомври 2019
РИМ (АА) - Две лица загинаа поради неповолните временски услови што го зафатија подрачјето на Пиемонт во северозападна Италија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според италијанската агенција АНСА, како резултат на дводневните поројни дождови во Пиемонт, а особено околу Алесандрија, загинаа две лица.
Телото на таксист, кој превезувал клиент од Џенова во Пиемонт, пронајден е во општината Каприата.
Во Торино почина лице кое изгубило контрола над автомобилот поради обилните врнежи од дожд.
Протокот на реките во регионот е зголемен, поради што многу луѓе мораа да се евакуираат на високи места поради можни поплави.
Нивото на најголемата река во земјата, По, се искачи за 3,5 метри во последните 24 часа. Нивото на езерото Орта се зголеми за 6 сантиметри, додека нивото на езерото Маџоре се зголеми за 15 сантиметри.
Поради неповолните временски услови, наставата во Алесандрија и другите околни области е прекината.
Алберто Кирио, шеф на регионалната администрација на Пиемонт, повика да се објави вонредна состојба во регионот.