Ekipa
22 Октомври 2019•Ажурирај: 23 Октомври 2019
ГАЗА (АА) - Десетици Палестинки протестираат против израелската блокада на Појасот Газа, која се применува од 2006 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Иктимал Хамад изјави дека сакаат светот да го притисне Израел да ја укине блокадата кон Газа.
Како што рече, жените продолжуваат со протестите додека не се укине блокадата и не бидат слободни. Смета дека на израелските претставници треба да им се суди на Меѓународниот кривичен суд (ICC) за злосторствата сторени врз Палестинците.
Израел, откако движењето Хамас во јуни 2006 година победи на изборите, воведе блокада на Појасот Газа.
Палестинците од 30 март минатата година, на границата меѓу Појасот Газа и Израел организираат мирни демонстрации под мотото „Марш на големото враќање“. Демонстрантите бараат враќање на териториите од кои се протерани, како и укинување на блокадата на Газа воведена во 2006 година.
Во интервенцијата на израелските војници за време на мирните протести, од почетокот на годината досега се убиени повеќе од 200 Палестинци.