Adam Abu-bashal
26 Октомври 2021•Ажурирај: 27 Октомври 2021
АБУЏА (АА) - Повеќе од 2 милиони луѓе се раселени поради тековното насилство во западноафриканската држава Нигерија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Самуела Исопи, шефицата на делегацијата на Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS) и на Европската Унија, истакна дека тековното насилство во североисточна Нигерија е алармантно.
Наведувајќи дека десетици илјади луѓе ги загубиле животите поради насилството во регионот, Исопи рече дека повеќе од 2 милиони луѓе се раселени.
Таа посочи дека повеќе од 3 милиони луѓе се соочуваат со несигурност за храна и дека стотици илјади деца страдаат од акутна неисхранетост. „Бројот на деца кои не можат да одат на училиште поради насилство е зголемен двојно.“
Повеќе од 20.000 луѓе загинаа во масовните акти на насилство организирани од терористичката организација Боко Харам, која постои во Нигерија од почетокот на 2000-тите години.
Организацијата од 2015 година извршува напади и во пограничните соседни земји како што се Камерун, Чад и Нигер. Најмалку 2.000 луѓе ги загубија животите во нападите на организацијата во басенот на езерото Чад.
Стотици илјади луѓе се принудени да мигрираат во земјата поради терористичките напади и конфликти.