Ekipa
23 Јануари 2025•Ажурирај: 24 Јануари 2025
ДЕИР АЛ-БАЛАХ (AA) - Обилните врнежи од дожд поплавија многу шатори во западниот дел на Деир ал-Балах, во централна Газа, јавува Анадолу.
Раселените Палестинци, кои поради израелските напади живеат во шатори, во тешки услови се обидуваат да го поминат секој ден што доаѓа.
Првата шестнеделна фаза од договорот за прекин на огнот во Газа стапи на сила на 19 јануари, со која е прекината геноцидната војна на Израел во која загинаа речиси 47.300 Палестинци, главно жени и деца, а повредени се најмалку 111.472 од 7 октомври 2023 година.
Договорот за прекин на огнот во три фази вклучува размена на затвореници и одржлив мир, со цел траен прекин на огнот и повлекување на израелските сили од Газа.
Како резултат на израелската офанзива, за исчезнати се водат над 11.000 луѓе, предизвикано е масовно разорување и огромна хуманитарна криза која ги однесе животите на многу постари луѓе и деца во една од најлошите глобални хуманитарни катастрофи досега.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) во ноември минатата година издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.