Abdel Ra'ouf Daoud Abdel Ra'uof Arnaout,Mehmet Nuri Uçar
13 Ноември 2017•Ажурирај: 14 Ноември 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници на Западниот Брег приведоа 14 Палестинци, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на израелската војска се наведува дека во упадите изршени на неколку локации на Западниот Брег, приведени се 14 Палестинци поради учеството во терористички активности.
Исто така, се додава и дека е хоспитализиран Израелец кој е полесно повреден во напад со камења извршен на неговото возило во Витлеем.
Извештаите на палестинските институции покажуваат дека во израелските затвори се наоѓаат околу 7.000 Палестинци, а меѓу нив и околу 300 малолетници.