Emel Öz Gözellik
12 Јули 2018•Ажурирај: 13 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Поројните врнежи од дожд во Јапонија предизвикаа поплави и свлечишта во кои животот го загубија 195 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Агенцијата на национална полиција на Јапонија објави дека поројните врнежи од дожд кои последните седум дена го зафатија западниот дел од земјата, предизвикаа поплави и свлечишта во кои животот го загубија 195 лица.
Официјалните претставници соопштија дека 60 лица се водат за исчезнати, и ја истакнаа својата загриженост од можноста за зголемување на бројот на загинати.
Во соопштението се наведува дека на подрачјето на градовите Хирошима, Окајама и Ехиме, своите спасувачки операции ги продолжуваат повеќе од 70.000 лица.
Според Агенцијата за пожари и природни катастрофи, во засолништата се наоѓаат околу 6.700 лица.
Во Јапонија беше издадена наредба за евакуација на 5,9 милиони лица од 19 области во земјата.
Поплавите и свлечиштата најголем број животи одзедоа во подрачјата на Хирошима, Ехиме, Окајама, Кјото, Гифу, Шига, Хјого, Кочи и Фукуока.
Премиерот Шинзо Абе ги откажа своите посети на Европа и Средниот Исток поради природните катастрофи што ја зафатија Јапонија.