Ahmet Furkan Mercan
05 Март 2021•Ажурирај: 09 Март 2021
ТОКИО - Во март 2011 година Јапонија ја потресе земјотрес по кој следеше цунами. Остатоците од телото на жена која исчезна во таа природна несреќа пронајдени се на брегот по 10 години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави информативната агенција „Кјодо“, на 17 февруари се откриени остатоци од скелет во близина на брегот на јапонската префектура Мијаги.
По направената ДНК анализа и резултатот на форензичката стоматологија, утврдено е дека откриените остатоците и припаѓаат на Окујама Натсуо исчезната во земјотресот што ја потресе Јапонија во март 2011 година.
Окујама, која во 2011 година имала 61 година, земјотресот ја зафатил кога од дома одела кон работа, а цунамито го однело нејзиното тело.
Се проценува дека во земјотресот и во цунамито што следеше по него во март 2011 година, животот го загубија повеќе од 18.000 лица во префектурите Мијоаги, Фукушима, Ивате и регионот Тохоку.