Lokman İlhan
04 Април 2017•Ажурирај: 05 Април 2017
МОКОА (АА) - Претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос, соопшти дека во поплавата што го зафати градот Мокоа, бројот на загинатите се искачил на 273 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот со одговорните од кризниот штаб, претседателот Сантос на претставниците од медиумите им пренесе информации за последната состојба во градот.
Претседателот Сантос соопшти дека се идентификувани 193 од 273 загинати лица во полавите што ја зафатија земјата. Досега на семејствата им се предадени телата на 100 загинати.
Претседателот Сантос соопшти дека од вкупно 262 повредени, 70 се префрлени во болници надвор од Мокоа, а 27 повредени сѐ уште се на лекување во градските болници.
- Не се очекува нови поплави -
Претседателот на Колумбија, Сантос, истакна дека не се очекува нови поплави, и додаде дека воздухопловните сили вршат целосно надгледување на сите реки.
Покрај тоа, тој посочи дека жртвите од поплавите се згрижени и обезбедена им е храна во училиштат и додаде дека е потребно колку што е можно побрзо да се обезбедат услови за започнување на наставата на учениците.
Продолжуваат активностите за спасување во подрачјето кои се спроведуваат од страна на војската, цивилната заштита и од добороволци.
Обилните дождови што го зафатија подрачјето беа причина за прелевање на реките Мокоа и Мулатос. Поплавата настана во раните утрински часови во саботата, и ги збриша од картата некои места во градот Мокоа.
Во Мокоа, кој е престолнина на административната единица Путумајо, живеат 45.000 лица, а градот се наоѓа во близина на границата со Еквадор и Перу.