Hakan Ceyhan Aydoğan
04 Април 2017•Ажурирај: 04 Април 2017
МОСКВА (АА) – Бројот на загинати лица во бомбашкиот напад врз метрото во рускиот град Санкт Петербург, се зголеми на 14, јавува Anadolu Agency (AA).
Руската министерка за здравство, Вероника Скворцова, во својата изјава за медиумите истакна дека 11 лица загинале во местото на нападот, додека 3 лица починале во болница.
Скворцова наведе дека продолжува лекувањето на 49 лица.
Поради нападот во Санкт Петербург прогласен е Ден на жалоста.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, вчера во ноќните часови ја посети метро-станицата „Технолошки институт“ каде што беше извршен нападот, и положи каранфили.
Како резултат на експлозијата на бомба поставена на вагонот во метрото во Санкт Петербург, вчера, загинаа 11 лица додека над 40 лица беа ранети. Бомбата експлодираше меѓу станиците „Плоштадот Сенаја“ и „Технолошки институт“.
Главното јавно обвинителство на Русија соопшти дека оваа експлозија е терористички напад, и дека покренета е опсежна истрга за овој случај.