Ercan Canbolat
04 Април 2017•Ажурирај: 05 Април 2017
АНКАРА (АА) - Администрацијата на САД донесе одлука да ја намали поддршката што ја дава на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во сферата на абортус, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за надворешни работи на САД упати писмо до Боб Кокер, претседател на комитетот за надворешни врски на американскиот Сенат, во кое го известува дека ќе биде намалена финансиската поддршка. Се посочува дека скратувањето на финансиската поддршка се однесува на помошта што е давана на УНФПА, за програмата за абортус.
Во писмото се наведува дека УНФПА, особено во Кина, ги подржува или учестува во програмите за присилен абортус и недоброволна стерилизација.
- Ова е прво скратување на средства кон ОН од страна на администрацијата на Трамп -
Со овој чекор, администрацијата на Трамп за првпат ја спроведе заканата за скратување на фондот кон една фондација на ОН.
Во изјавата објавена на интернет-страницата на УНФПА се вели дека администрацијата на САД со донесената одлука прави грешка. Во објавата се вели: „Нашата должност е секоја бременост да ја спроведеме на здрав начин“.
Работата на агенциите на ОН, како што е УНФПА, се финансира од доброволни уплати на државите. САД со својата уплата од 75 милиони долари во 2015 година, беше четврти донатор по големина. Фондот веќе 50 години ја дава својата поддршка во повеќе од 150 земји, поддржувајќи ги програмите за населението.