свет

Помпео и Нетанјаху разговараа за „штетното влијание на Иран во регионот“

„Државниот секретар Помпео и премиерот Нетанјаху разговараа за штетните ефекти на Иран во регионот, како и за прашањето за безбедноста на Израел и значењето на економската соработка со соседните земји во регионот“

Safvan Allahverdi  | 05.12.2019 - Обновена : 06.12.2019
Помпео и Нетанјаху разговараа за „штетното влијание на Иран во регионот“

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, и премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, се состанаа во Лисабон и во таа прилика разговараа за штетното влијание на Иран во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).

Портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортагус, изјави дека за време на состанокот е нагласено значењето на јакнењето на односите меѓу двете земји.

„Државниот секретар Помпео и премиерот Нетанјаху разговараа за штетните ефекти на Иран во регионот, како и за прашањето за безбедноста на Израел и значењето на економската соработка со соседните земји во регионот“, изјави Ортагус.

Средбата требаше да биде одржана по самитот на НАТО во Лондон, но сепак е одржана во Лисабон, откако американскиот претседател, Доналд Трамп, порано го напушти собирот на земјите членки на Алијансата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın