Murat Karadağ
22 Ноември 2017•Ажурирај: 22 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Иран, Хасан Рухани, истакна дека за иднината на Сирија нема да одлучуваат странските сили, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на иранската новинска агенција „IRNA“ (ИРНА), пред да замине од Техеран за да учествува на тројниот самит во рускиот град, Сочи, Рухани за медиумите изјави: „Иднината на Сирија ќе ја одреди нејзиниот народ, а не странските сили“.
Рухани нагласи дека ќе продолжат да го штитат територијалниот интегритет на Сирија, и потсети дека почнале да прават соодветни чекори со процесот на Астана, каде што земји-гаранти се Турција, Русија и Иран.
Претседателот на Иран пренесе дека самитот на лидерите кој ќе се одржи во Сочи е значаен за иднината на Сирија. На состанокот во Сочи ќе им се овозможи на група претставници на сирискиот народ да учествуваат во преговорите за одредување на иднината на земјата.
Тројниот самит на кој ќе учествуваат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Иран,Хасан Рухани, денес ќе се одржи во Сочи.
Министрите за надворешни работи и техничките делегации на земјите-гаранти на процесот во Астана, минатата недела во турскиот град Анталија ги завршија првичните подготовки за самитот.