Ekip
21 Март 2023•Ажурирај: 23 Март 2023
КИЕВ (АА) - Главната разузнавачка служба (ГУР) на Министерството за одбрана на Украина тврди дека руски крстосувачки ракети биле уништени во експлозија што се случила во градот Џанкој, на северот на Крим, јавува Анадолу.
„Во експлозијата при транспортот се уништени руските крстосувачки ракети 'Калибр', како и железницата“, се наведува во соопштението на ГУР.
Се дознава дека ракетите биле транспортирани со цел да бидат истрелани од бродовите на руската флота во Црно Море.
Дострелот на проектилот е над 2.500 километри за цели на копно и 375 километри за цели на море.
„Експлозијата го продолжува процесот на руско разоружување и подготовка за ослободување на украинскиот полуостров Крим од окупација“, се посочува во соопштението на ГУР.