Ali H. M.Abo Rezeg
19 Ноември 2017•Ажурирај: 20 Ноември 2017
РАМАЛА (AA) - Палестинскиот институт за статистика (ПЦБС) соопшти дека израелските безбедносни сили годинава убиле најмалку 14 деца на Западниот Брег и Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
По повод Меѓународниот ден на правата на детето, Палестинскиот завод објави извештај во кој се наведува дека израелските сили убиле најмалку 35 палестински деца во текот на изминатата година.
„Во изминатите две години, израелските сили заробија околу 4.000 палестински малолетници. Повеќето од нив се ослободени, но околу 300 малолетници сé уште се наоѓаат во израелски затвори“, се вели во соопштението.
Во израелските напади оваа година, најмалку 848 деца беа протерани од палестинските села. Минатата година, израелските сили урнаа 418 куќи и 646 палестински објекти за друга намена.
Израелската страна не го коментираше извештајот објавен од страна на палестинскиот Завод за статистика.
Меѓународниот ден на детето се слави на 20 ноември, со цел да се промовира заштитата на децата во светот.
Децата сочинуваат 46 отсто од 4,5 милиони Палестинци, односно од вкупното палестинско население на Западниот Брег и Газа.