свет

Помпео загрижен за глобалните реакции во врска со Голанската Висорамнина

„Се надеваме дека тие нации ќе ни се придружат и ќе сфатат колку е важно и исправно ова“, изјави американскиот државен секретар Помпео.

Michael Hernandez  | 26.03.2019 - Обновена : 27.03.2019
Помпео загрижен за глобалните реакции во врска со Голанската Висорамнина

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека е загрижен, но не и изненаден, во врска со глобалното отфрлање на одлуката на Вашингтон во однос на признавањето на окупираната Голанска Висорамнина како израелска територија, јавува Anadolu Agency (AA).

„Ние едноставно ги признаваме фактите на терен“, изјави Помпео, ден откако американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша претседателскиот декрет за признавање на израелскиот суверенитет врз Голанската Висорамнина.

Одлуката на Трамп беше отворено отфрлена од страна на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, од Турција, Канада, Русија, од поголем дел од арапските земји како и од Европската Унија.

„Се надеваме дека тие нации ќе ни се придружат и ќе сфатат колку е важно и исправно ова“, изјави Помпео во врска со едностраната одлука на САД.

Израел долго време влијаеше врз Вашингтон да го признае своето тврдење за Голанската Висорамнина, но сите поранешни администрации одбија да обрнат внимание на повиците. Анексијата на територијата запленета во конфликти е нелегална според меѓународното право.

Администрацијата на Трамп постојано ја цитираше незаконитоста на ваквите акции во минатото, особено во одбивањето на тврдењето на Русија за право врз Кримскиот Полуостров, кој го одзеде од Украина во 2014 година, и го анектираше истата година по референдумот отфрлен од страна на меѓународната заедница.

Израел од 1967 година ја држи под окупација Голанската Висорамнина која е територија на Сирија.

Во 1981 година Израел официјално ја анектираше територијата во еден потег, едногласно отфрлен во тоа време од Советот за безбедност на ОН.

САД како постојана членка на Советот во тоа време гласаа во корист на Резолуцијата.

Помпео за новинарите во Стејт департментот изјави дека одлуката на Вашингтон за Голанската Висорамнина е фундаментално правилна одлука.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.