Ekipa
16 Август 2017•Ажурирај: 17 Август 2017
ВАРШАВА (АА) - Претпријатието Државни шуми на Полска најави дека ќе биде потребно многу време, односно до 2019 година, за да се исчистат дрвјата што во петокот и саботата силниот ветер ги урна во северниот и во централниот дел на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Oд претпријатието Државни шуми на Полска тврдат дека загубата се проценува на околу 45.000 хектари шума, а ова најголемите штети регистрирани од основањето на претпријатието во 1924 година.
„При паѓањето, стеблата ги уништија животинските живеалишта и убија многу животни“, се соопштува од страна на Државни шуми на Полска.
Воените трупи и пожарникарите им помагаат на локалните заедници да ги отстранат дрвјата и да ги обезбедат оштетените куќи, кои најмногу ги има во областите Гдањск, Торун и Шчеќин.
Полската Влада се соочи со критики од јавноста, која смета дека премногу бавно реагирала и испратила армијата во погодената област дури неколку дена по несреќата, во којашто во петокот и саботата загинаа шест лица.