Ekip
31 Мај 2019•Ажурирај: 01 Јуни 2019
ПАРИЗ (АА) - Францускиот обвинител Реми Хајц изјави дека денес некои од полицајците ќе се соочат со судење поради полициското насилство што се случи на протестите на „Жолтите елеци“, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинителот Хајц рече дека во Париз се отворени 174 истраги поврзани со безбедносните сили.
Хајц истакна дека некои полицајци ќе бидат пратени пред Кривичниот суд до крајот на годината.
Неколку случаи се однесуваат на употребата на гумени проектили од страна на полицијата, а напомена и дека досега на ниту еден полицаец не му е изречено обвинение.
Протестите на „Жолтите елеци“ во Франција започнаа во ноември минатата година поради поскапувањето на горивото, а набргу прераснаа во антивладини протести.
Најмалку 11 лица загинаа, а 2.000 се ранети за време на нередите изминатите месеци. Приведени се 4.800 демонстранти, а најмалку 2.000 се задржани во затвор.