Bahattin Gönültaş
31 Мај 2019•Ажурирај: 03 Јуни 2019
БЕРЛИН (AA) - Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, изјави дека? да не се продолжуваат напорите за воспоставување безбедносна зона во северна Сирија, која би го намалила ризикот од терористичките напади кон Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи на заедничката конференција за медиумите со германскиот министер за надворешни работи, Хеико Маас, по состанокот во Берлин, Помпео нагласи дека САД ќе продолжат да ги поддржуваат напорите на Обединетите нации за политичко решение во Сирија.
„Видовте што направивме со Турците во Мунбич западно од реката Еуфрат. Се обидуваме да поставиме систем кој може да придонесе кон тоа. Наречете го тоа тампон-зона, наречете го тоа како што сакате... Тоа ќе го намали ризикот терористите да не ги напаѓаат Сирија и Турција“, рече Помпео.