Saadet Firdevs Aparı
18 Јануари 2023•Ажурирај: 22 Јануари 2023
ВЕЛС (АА) - Жена и дете смртно настрадаа откако беа нападнати од поларна мечка во село во северозападната американска сојузна држава Алјаска, известува Агенција Анадолија (АА).
Полицијата на Алјаска информира дека дојавата за нападот е примена во 14:30 часот по локално време од село во подрачјето Велс на Алјаска.
Во полициското соопштение се наведува дека поларната мечка ги нападнала жената и детето и ги усмртила. Поларната мечка потоа е застрелана од локалното население.
Засега не е откриен идентитетот на настраданите лица.