Saadet Firdevs Aparı
18 Јануари 2023•Ажурирај: 19 Јануари 2023
АНКАРА - Земјотрес со интензитет од 7 степени ја потресе Индонезија, известува Агенција Анадолија (АА).
Институтот за геологија на САД објави дека земјотресот, чиј епицентар бил 154 километри северозападно од регионот Тобело на островот Халмахера, сместен во источниот дел од земјата, бил регистриран на длабочина од 48 километри.
По земјотресот е дадено предупредување од можно цунами.