Ekip
07 Август 2020•Ажурирај: 10 Август 2020
МОГАДИШУ
Познатата лекарка и активистка за човекови права, Хава Абди Диблаве, почина на 73 години по кратко боледување, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вестите за нејзината смрт за новинарите ги потврди нејзината ќерка Амина Абди.
Во соопштението издадено од сомалиското Министерство за информации се вели: „Таа беше сомалиска мајка која основаше бесплатна болница за ранливите сомалиски жени и деца надвор од Могадишу.“
Д-р Ахмед Хасан кој ја познаваше долги години, за АА телефонски изјави дека таа дошла до идеја да се формираат бесплатни медицински кампови за внатрешно раселени лица
„Она што таа го направи е херојско и поради тоа ќе биде засекогаш запаметена во историјата на Сомалија“, додаде тој.
Луѓето на социјалните медиуми исто така пишуваа за она што таа го направила за нацијата.
„Таа беше лекар што го отстапи својот двор за да лекува раселени мајки и деца во предградието на Могадишу“, рече Мохамед Абди, корисник на Твитер.
Диблаве беше номинирана и за Нобеловата награда за мир во 2012 година.