Nuri Aydın
10 Септември 2019•Ажурирај: 11 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Европската вселенска станица (ESA) посочи на фактот дека во август е забележано зголемување на нивото на јаглерод моноксид во воздухот, иако во споредба со изминатите месеци, бројот на пожари што избувнале во амазонските шуми е помал, јавува Anadolu Agency (AA).
Европската вселенска станица објави извештај за зголемувањето на загадувањето на воздухот во амазонските шуми.
Според податоците до кои може да се дојде според сателитските снимки, во амазонските шуми, кои се белите дробови на Земјата, од почетокот на годината досега избувнале повеќе од 83.000 пожари, поради кои е забележано зголемување на нивото на јаглерод моноксид.
Европската вселенска станица посочи на фактот дека во август е забележано зголемување на нивото на јаглерод моноксид во воздухот, иако во споредба со изминатите месеци, бројот на пожари што избувнале во амазонските шуми е помал. Таквата состојба има негативни ефекти врз здравјето и глобалните климатски промени.
Професор Рената Либонати од одделот за Метеорологија при Федералниот универзитет во Рио де Жанеиро истакна дека недоволното количество дождови поради периодот на суша во Амазонија уште повеќе ја влошува ситуацијата, додавајќи „Пожарите, покрај тоа што се шумски пожари, имаат пошироки ефекти.“
Истражувањата спроведени од страна на експертите за здравје покажале дека загадувањето на воздухот особено им создава проблеми на старите лица и на децата со кардиоваскуларни заболувања и проблеми на дишните патишта.
Во истражувањето се истакнува дека во Порто Велхо, главниот град на бразилската сојузна држава Рондонија, постојаниот чад предизвикал зголемување на ваквиот вид заболувања и во болницата за детски болести „Козма и Дамјан“ во август е забележано зголемување на бројот на лицата што се лекувале од респираторни заболувања.
Министерството за здравство на Бразил упати апел до населението кое живее во подрачјата во кои пожарите се активни да носат маски, да користат сетови за заштита на очите и да употребуваат клима уреди, предупредувајќи го „Да не се живее на подрачјата во близина на пожарите“.
Бразилскиот национален институт за вселенски истражувања (INPE) на 29 август објави дека од 1 јануари досега во Амазонија избувнале повеќе од 83.000 пожари и дека сѐ уште трае борбата со околу 3.553 пожари на 148 подрачја на кои живеат локалните домородци.
Амазонските дождовни шуми кои се нарекуваат и „белите дробови на Земјата“, обезбедуваат околу 20% од кислородот на нашата планета и на годишно ниво овозможуваат апсорпција на повеќе од 1 милијарда тони јаглерод моноксид во атмосферата.
Амазонските шуми кои се засолниште на една третина од животинскиот и растителниот свет на Земјата, во исто време се домаќини на повеќе од 400 домородни племиња во осум земји на Јужна Америка.