Ayşe Sümeyra Aydoğdu
10 Септември 2019•Ажурирај: 10 Септември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Властите на Катар ја повикаа Саудиска Арабија, на Независната меѓународна комисија да ѝ ги покаже доказите за обвиненија кои ги упатува на Катар, и да соработува со Кувајт како посредник во решавање на актуелната криза во Заливот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството за надворешни работи на Катар соопшти дека земјата се придржува на меѓународните правни норми и дека сака по мирен пат да ја надмине кризата во регионот.
„Отворено ја повикуваме Саудиска Арабија, доказите за тврдењата и обвиненијата против Катар да ги покаже на Независната меѓународна комисија и да соработува со Кувајт како посредник во решевањето на кризата“, се наведува во соопштението од Доха.
Исто така се повикуваат саудиските власти да ја прекинат блокадата што ја наметнаа на Катар на 5 јуни 2017 година.
Од Катар тврдат дека ставање крај на кризата би било корисно за народите на сите земји во Заливот, а властите на Саудиска Арабија во саботата повторно го обвинија Катар за поддршка на тероризмот и најавија продолжение на блокадата.
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет пред повеќе од две години ги прекинаа дипломатските односи и наметнаа потполна блокада на Катар која ги отфрла обвиненијата за поддршка на тероризмот.